Низа проекти во Македонска Каменица

Деведесет млади во Македонска Каменица се вработени преку проектот Македонија вработува и мерките за вработување на лица до 29 години. Тоа се 90 невработени млади кои сега имаат работа и можат да го издржуваат своето семејство, рече министерот Никола Тодоров, при денешната посета на Македонска Каменица.

-Ќе биде набавен нов мамограф во соработка со градоначалникот набавен ќе биде набавен нов мамограф и конечно граѓаните од Македонска Каменица и околните места за прв пат ќе можат да го користат овој апарат, рече Тодоров.

Еден од проектите е реконструкција на патот Македоснска Каменица-Делчево во висина од 75 милиони денари, како и секундарна водоводна мрежа во висина од 310 илјади евра.