Приватните разговори кои ги поседуваше Заев наместо кај Јанева биле кај бандата на Чауш ?

Акцијата на полицијата, според информациите на Курир завршила на терен и одземените материјали се предадени на вештачење.

Хард диск сокриен во душек пронашла полицијата во еден од претресите кои со наредба на Судот од утрово се вршат на 7 локации како продолжение на акцијата за разбивање на „Фабриката за афери на СДСМ“.

Од МВР не се открива колку разговори и кои разговори се пронајдени во хард дискот сокриен во душек, кој беше откриен утринава од страна на полицијата

Како што и е познато на јавноста, Зоран Заев во интервју на Сител изјави дека на Катица Јанева и предал над милион нелегално прислушувани разговори. Од друга страна Катица Јанева во извештајот наведе дека добила околу 600.000 прислушкувани разговори, по што се наметна дилемата каде се наоѓаат над 400.000 нелегални разговори.

Кај Захир Бекири Чауш, при претресите беа пронајдени над 70.000 приватни разговори во фолдер „Заев-СДСМ“.

Претходно, полицијата во домот на Чауш и неговите соработници пронајде и докази кои потврдуваат дека токму Бекири е лицето кое стои зад наводната афера со фалсификуваните лични карти и пасоши.

Три месеци подоцна, кај членови на истата криминална група поврзана со СДСМ се пронајдени уште еден хард диск и УСБ.

Ниту Заев, ниту Чауш не криеја дека соработувале, а според информации на истрагата, нивната соработка почнала уште во 2014 година кога Фокус за прв пат ја објави, а СДСМ започна да конструира афера врз основа на снимката и пасошите кои ги продуцираше соработникот на Зоран Заев, Захир Бекири Чауш.

Шемата на Чауш и СДСМ веќе и е позната на јавноста. Чауш печател фалсификувани документи а потоа му ги предавал на весникот Фокус кој од тоа фабрикувал афери во јавноста. Чауш одел до таму што снимал и видеа за фабрикуваните афери да изгледаат повистинити. Потоа Заев јавно ја извртуваше вистината.

Истрагата се уште утврдува дали новинарот од весникот Фокус бил дел од криминалната група или делувал без да знае дека му се подметнуваат фалсификати. Доколку се докаже неговата вмешаност не се исклучува и против него да биде покрената кривична постапка.

Захир Беќири Чауш важи за истакнат член на СДСМ. Неговата сопруга е дел од партиските вработувања на СДСМ и платата ја зема од општинската фирма Паркинзи Центар, каде директорува Саша Богдановиќ, Претседател на Општинскиот огранок на СДСМ во скопски Центар.