Тројца војници се убиени, над 20 се ранети во напад на ПКК во Турција

Тројца војници се убиени, над 20 се ранети во напад на ПКК во Турција
Тројца војници се убиени, над 20 се ранети во напад на ПКК во Турција

Тројца турски војници се убиени, а 22 се ранети во напад со автомобил-бомба извршен од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточна Турција, објави МИА.

Нападот бил извршен врз полициска станица во округот Дијарбекир, покрај која бил кренат во воздух автомобил, полн со експлозив.

Ранетите војници се хоспитализирани во воената болница во Дијарбекир.

Поради експлозијата затворен за сообраќај е патот меѓу градовите Дијарбекир и Бинѓул.

Во тек е операција за пронаоѓање на одговорните за нападот