Подгответе вкусни чоколатца со кокос за само 10 минути

Пробајте го овој супер едноставен рецепт за кој ви се потребни само 10 минути и подгответе вкусни чоколатца со кокос.

Потребни состојки:

200 мл кондензирано млеко или павлака за готвење

150 гр кокос

400 гр шеќер во прав

400гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка: 

Во сад сипете го млекото и додадете го кокосот. Додадете го шеќерот и добро измешајте додка не добиете густа, кремаста маса.

Смесата ставете ја калапи или правоаголен сад и ставете во ладилник за потполно да се олади. Откако  смесата ќе се стегне извадете ја од калапот или исечете ја на мали правоаголници. Едно по едно  парчињата валкајте ги во  растопеното чоколадо и вратете во ладилник додека чоколадата потполно не се стегне.