недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Плавшиќ: Клинтон е виновен за злосторството во Сребреница!

Плавшиќ, која по признавањето на вината во Хашкиот трибунал, е осудена на 11 години затвор за воени злосторства, кажала дека Клинтон му нагласил на Изедбеговиќ дека „не смее да бидат помалку од 5.000 масакрирани“.

Плавшиќ: Клинтон е виновен за злосторството во Сребреница!

Плавшиќ: Клинтон е виновен за злосторството во Сребреница!

Последни вести

По изрекувањето на пресудата на воениот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ, изјавила дека злосторството во Сребреница го наредил поранешниот американски претседател, Бил Клинтон.

Таа за белградската редакција на „Спутњик“ вели дека Клинтон на лидерот на босанските муслимани, Алија Изедбеговиќ, му кажал дека Америка ќе влезе во војна и ќе се бори на муслиманската страна, како и дека „ќе ги бомбардираат Србите доколку дозволат четниците да влезат во Сребреница“.

Плавшиќ, која по признавањето на вината во Хашкиот трибунал, е осудена на 11 години затвор за воени злосторства, кажала дека Клинтон му нагласил на Изедбеговиќ дека „не смее да бидат помалку од 5.000 масакрирани“.

„Изедбеговиќ тоа му го пренел на военото претседатлство, јас го читав тој записник. Тој Хрват во Хаг ми го даде записникот. Мојот адвокат не можеше да дојде до записникот. Вели: ‘Ова вреди 20.000 марки’. Јас немав баш толку, ниту сметав дека е тоа важно, така што го читав стенограмот. Алија кажал: ‘Клинтон ме наговара’. Па сега, после неколку години, испечатена е книга од Амеиканци кои цело време за војната биле во Сараево, и тие го кажуваат истото“, наведува таа.

Плавшиќ додала дека Изебеговиќ тоа го соопштил на претседателството,  а член на военото претседателство бил Сефер Халиловиќ, ко му одговорил: Алија, ти си полудел.

„Па сепак то се случило, а во составот на групата која тоа го извршилане биле само Срби. Ердемовиќ -Хрват, бил еден Словенец, јас не сум се знимавала со тоа, но да се направи анализа, би се видело дека е местенка. А синот на Сефер напишал книга во која опишува дека Орич добил наредба да се повлече во Тузла еден месец пред да влезат Србите внатре. Значи се реализира планот Клинтон-Изедбеговиќ“, нагласуваа таа.

Плавшиќ навела дека Радован Караџиќ се повлекол во договор со Ричард Холбрук, со обврска да не се занимава понатаму со политика, а за возврат требало да добие неприкосновеност.

„Јас за тоа ништо не знам, но сум читала. Јас не бев личност од доверба за Караџиќ, тој мораше да се повлече, бидејќи тогаш шротив него беше подигнато обвинение. Мораше да оди за да не пропадне Република Српска, а со него мораше да оди и Младиќ“, наведува Плавшиќ.

Најчитани вести