Еве што изјави Караџиќ по пресудата во Хаг…

Еве што изјави Караџиќ по пресудата во Хаг...
Еве што изјави Караџиќ по пресудата во Хаг...

Ова е катастрофално и не можам да верувам каква пресуда е донесена, рекол Радован Караџиќ по изрекувањето на пресудата на Хашкиот трибунал.

„Се базира на импровизација, претпоставки, шпекулации, индикции, но не и на факти”, рекол Краџиќ по изрекувањето на пресудата.

Тој изјавил дека и по нападите во Париз и во Брисел, тој трибунал и Европа не сфаќаат со што и со кој биле соочени босанските Срби во 90-те години.

Воениот лидер на босанските Срби вчера е осуден во хашкиот трибунал на единствена затворска казна од 40 години за злосторства сторени во Босна и Херцеговина, но е ослободен од обвинението за геноцид во седум општини во БиХ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.