Грција врати во Турција 76 илегални имигранти

Грција врати во Турција 76 илегални имигранти
Грција врати во Турција 76 илегални имигранти

Грчките власти вратиле во Турција 76 илегални имигранти, во рамките на постапката за реадмисија согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара, склучен минатиот петок, објави МИА.

Според весникот, станува збор за 40 лица од Пакистан, 11 од Бангладеш, шестмина од Мароко, седум од Алжир и еден од Тунис, додека останатите 11 биле турски државјани.

Грчката полиција прецизира дека од 1 јануари, па досега, според предвидените одредби во протоколот за реадмисија меѓу Грција и Турција биле вратени вкупно 673 илегални мигранти  (226 од Пакистан, 31 од Бангладеш, 268 од Мароко, 144 од Алжир и четворица од Тунис), а во согласност со договорот меѓу ЕУ и Турција биле вратени вкупно 22 турски државјани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.