среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 47

Ристовски: УГД Штип е најбрзо растечки универзитет во земјава

ристовски

Последни вести

Со свечена седница на Универзитетскиот Сенат, со доделување признанија за најдобрите студенти и стипендисти и со промоција на почесниот професор Јерг М. Елзенбаџ Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска одбележа девет години од своето постоење.

Во своето обраќање по овој повод заменик министерот за образование, Спиро Ристовски истакна дека штипскиот универзитет е најбрзо растечки универзитет во земјава, кој е пример за успешна и кооперативна високообразовна институција.

-Горд сум на одлуката на Владата на Република Македонија која ја донесе пред девет години, за да се основа и денес да постои овој универзитет, кој за релативно кратко време прерасна во тоа што е второ рангирана висока образовна установа на националната ранг листа на високо образовни установи во земјата, која ја прави Шангајската Џиао Тонг Универзитетот, рече Ристовски.

Тој забележа дека УГД-Штип во изминатите девет години ја изгради инфраструктурата, обезбедува квалитетно образование на своите студенти и работи на научно-истражувачката дејност за што имаат пет современи лаборатории.

-Досега повеќе од 20.000 студенти ја препознаа својата иднина токму овде и на сите нив, но и на новите генерации кои доаѓаат им порачувам никогаш да не се посомневаат во квалитетот на знаењето кое го стекнале или ќе го стекнат овде, рече Ристовски.

Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев нагласи дека на сите факултетите и академии централно место се студентите и квалитетот на наставата.

-Студентите треба се повеќе да го менуваат својот однос кон светот благодарејќи на нашите квалитетни образовни програми, кои во себе мораат да ги вклучат и предизвиците на иднината и промените кои таа ќе ги донесе. Дел од предизвиците на студентите е нивното соочување со секоја голема тема, лице в лице истовремено. Во секоја сериозна граѓанска форма, луѓето ја чувствуваат својата голема општествена одговорност и бројните обврски. Типичните универзитетски студии имаат прогресивно насочен фокус. Целата идеа се базира на концептот дека не можете ништо сериозно да направите ако не сте тесно специјализирани, рече Боев.

Заменик министерот Ристовски прашан дали наскоро ќе се гради Студентскиот дом во Штип, одговори дека сериозно како министерство и Влада размислуваат и бараат начин за да се реши тоа прашање.

Што се однесува за веста објавена во одредени медиуми дека учебната година ќе заврши порано, Ристевски истакна дека учебната година за учениците ќе заврши на 10 ти јуни.

Најчитани вести