четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 52

Абдеслам: За се е виновен мојот покоен брат!

salah-abdeslam-naslovna

Последни вести

Белгиските медиуми објавија дел од рзговорите со Салах Абдеслам, најбараниот терорист одговорен за смртта на 130 лица во нападитево Франција. Абдеслам тврди: За се е виновен мојот покоен брат!

Откако четири месеци успешно се криеше од рацете на полицијата, мозокот на терористичките напади конечно беше уапсен минатиот петок во Брисел. Тој на полицијата и раскажал дека становите и оружјето ги изнајмувал по наредба на неговиот покоен брат. Тој се разнесе со бомба во Париз.

– Парите за становите, автомобилите, храната и оружјето доаѓаа од мојот брат. Се слушаа неговите наредби, вели терористот.

Кобниот петок кога се случи нападот во Париз требало да влезе на стадионот и да се разнесе, но не успеал да купи карта.

– Јас се откажав од планот. Останав во автомобилот, а другите тројца отидоа, вели тој. Додава дека дента контактирал само со Muhamed Abrinij, но полицијата вели дека не е точно ова тврдење бидејќи се покажало дека зборувал со повеќе различни лица.

Во изјавите тој вели дека не е мозокот на крвавите операции.

Најчитани вести