Во ТЦ Табановце префрлени 237 мигранти од граничната линија со Србија

Во ТЦ Табановце префрлени 237 мигранти од граничната линија со Србија
Во ТЦ Табановце префрлени 237 мигранти од граничната линија со Србија
Координаторот на Транзитниот центар Табановце, Горан Стојановски, денеска соопшти дека 237 мигранти од Сирија и Ирак, кои повеќе од три недели се наоѓаа на граничната линија помеѓу Македонија и Србија, вчера се префрлиле во Транзитниот центар.

Од нив, 42-ца изразиле желба да заминат во Тразнитниот центар Винојуг, така што, посочи тој, оваа група со воз се префрлени кон Гевгелија, а оние кои останале во Транзиниот Центар Табановце се сместени во монтажни објекти и шатори.
Во центарот на Табановце остануваат 1038 мигранти, информира раководителот Стојановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.