недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

Жерновски блокира изградба на учлишна спортска сала во „Кирил и Методиј“

560 дечиња од ова училиште остануваат заложници на политичките игри на Жерновски.

Жерновски го исмеваше Канго, па доби „нокаут“ на свој терен

Жерновски го исмеваше Канго, па доби „нокаут“ на свој терен

Последни вести

 

Најстарото основно училиште во Македонија, основано во 1836 година и лоцирано во строгиот центар на Скопје никако да добие спортска сала. Училиштето „Кирил и Методиј“ веќе подолг период е под опструкции на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Откако минатата недела, во соработка со неговиот коалиционен партнер и шеф на македонската полиција, Оливер Спасовски организираа упад на неколку полициски службеници кои буквално се изживувале врз раководството и училишниот одбор, затоа што не прифатиле да бидат нивни послушници, Жерновски ја блокира и изградбата на училишна спортска сала, која е дел од инвестициските планови на Министерството за образование и наука, пишува „Курир“

Неофицијално, пред повеќе од 2 месеци министерството преку директорот на ова училиште до општина Центар, доставило еднострано потпишан договор за изградба на салата, за која има и финален проект, кој претходно неколкупати по забелешки на локалната власт бил коригиран. Дури и избрана е фирма која треба да ги реализира градежните активности.

Но, предметот сеуште се чува во фиоката од градоначалничкото биро, непотпишан. Во меѓувреме, министерството сите потребни документи заедно со барањето за одобрение за градба ги прикачува на електронскиот систем на општината, од каде добива повратен одговор дека барањето е одбиено, поради тоа што е доставен еднострано потпишан договор. Тотален апсурд, ако се има во предвид дека другата страна потписник е токму градоначалникот, кој го одбива барањето за одобрение за градба, поради тоа што самиот не го потпишал договорот за изградба!?

Родителите со кои разговаравме се видно револтирани. Велат, ситуацијата во ова училиште, во кое никогаш немало проблеми, станува неподнослива.

„Двете деца ни учат овде. А со сопругот ги запишавме затоа што училиштето беше бренд, со долга историја. Неодамна започна да работи по меѓународната ИБ програма. Единствен недостаток беше спортска сала и затоа ние како родители се обративме и до општината и до министерството, од каде ни рекоа дека годинава ќе започне изградбата…Го видовме дури и проектот. Не е коректно ова што го прави градоначалникот. Минатата недела имаше еден куп полицајци во холот. Политиката не смее да влијае на нашите деца. Бараме да се врати мирот. Бараме и да се изгради салата, за да можат нашите деца да имаат нормално физичко“, вели мајката на два ученика во прво и четврто одделение.

Револтирани се и наставниците по физичко образование, но и одделенските.

„Од министерството доаѓаа тука, мереа, премеруваа…Неколку пати доаѓаа и од некоја  фирма. Рекоа дека работат на проект за салата. Во 21 век нашето училиште нема сала. Некогаш имало, но била срушена од властите на СФРЈ. Сега има можност да се изгради повторно, но човечки фактор е причината да не започне“, вели една од вработените.

560 дечиња од ова училиште остануваат заложници на политичките игри на Жерновски. Во прашање е нивното здравје, правилен раст и развој, но сепак, партиските интереси, според градоначалникот се на прво место. До кога ќе трае оваа неразумност, останува нејасно, заклучува порталот „Курир“.

Најчитани вести