ДИК денеска не почна со теренската проверка на избирачкиот список

Државната Изборна Комисија денеска не почна со предвидената теренска проверка на избирачкиот список поради подготовки за целата процедура, пишува „24 Вести“.
Инаку Државната Изборна Комисија требаше да почне со теренската проверка на 89.383 запишани гласачи во избирачкиот список, кои по вкрстената проверка се покажале како спорни. Според проценката на ДИК, проверката ќе трае до 3 април.