сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Оглас за отворање амбуланти во рурални подрачја

Новата ординација ќе добива зголемен износ на капитација согласно критериумите за рурални подрачја определени од ФЗО на Македонија, најмногу 90.000 и најмалку 60.000 денари за месец, а од 1 јули оваа година најмногу 99.000 денари односно најмалку 66.000 денари за месец, зависно од вкупниот број осигурени лица кои ќе ги згрижи лекарот, појасни Тодоров.

Оглас за отворање амбуланти во рурални подрачја

Оглас за отворање амбуланти во рурални подрачја

Последни вести

Стимулација за отворање ординации на матични доктори по општа медицина во точно определени рурални подрачја, е новата мерка на Министерството за здравство и ФЗОМ за која денеска е објавен оглас, односно за реонот кој го покриваат вкупно 14 здравствени домови низ државата во точно определени населени места.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција информираше дека огласот се однесува за вкупно 20 населени места во кои ќе се основаат ординации, а кон кои гравитираат околу 20.000 жители од над 115 населени места во околината.

Најави дека секоја новоотворена ординација по општа медицина на постојна ординација по општа медицина, од оваа мерка, ќе склучи договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

-Новата ординација ќе добива зголемен износ на капитација согласно критериумите за рурални подрачја определени од ФЗО на Македонија, најмногу 90.000 и најмалку 60.000 денари за месец, а од 1 јули оваа година најмногу 99.000 денари односно најмалку 66.000 денари за месец, зависно од вкупниот број осигурени лица кои ќе ги згрижи лекарот, појасни Тодоров.

Тој информираше дека со најновите измени на Законот за здравствена заштита во новоотворената ординација докторот самостојно ќе може да укажува здравствена заштита без учество на медицинска сестра во тимот, но не подолго од 24 месеци од основањето на ординацијата. Оваа мерка ќе биде во сила сè додека докторот на медицина не го изберат како избран лекар 700 пациенти, по што докторот има обврска да го комплетира тимот.

– Министерството за здравство донесе одлука да го субвенционира патот на докторот за сите релации над 25 километри, а кои има обврска да ги патува со цел да пружи здравствена заштита на своите пациенти, појасни Тодоров.

Огласот за нова ординација по општа медицина важи за населените места  Локвица, Долни Манастирец, Иванковци, Бузалково, Богомила, Фурка, Николиќ, Другово, Лешница, Горно Косоврасти, Страцин, Ранковце, Арбанашко, Пештани со обврска да згрижува два дена во селото Љубаништа и еден ден во село Трпејца, Витолиште, Долни Стубол, Ново Коњарево, Мерово, Крупиште  и Лакавица.

Најчитани вести