Почна летното сметање на времето

Почна летното сметање на времето
Почна летното сметање на времето
Со поместување на стрелките на часовникот од 2 на 3 часот наутро, односно еден час нанапред, почна летното сметање на времето.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен. Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври во три часот наутро кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.