Се подготвува ли нов обид за илегален влез на мигрантите во Македонија?

Се подготвува ли нов обид за илегален влез на мигрантите во Македонија?
Се подготвува ли нов обид за илегален влез на мигрантите во Македонија?
Според телевизијата Мега, под лупата на грчката полиција се нашле невладини организации и волонтери кои шират информација дека денеска ќе се отворела границата, а не се исклучува можноста тие повторно да ги организираат бегалците и мигрантите нелегално да влезат во Македонија, објави Канал 5.
„Информирани се Скопје и Софија, бидејќи постојат индикации дека некои подготвувале мапи од регионот и не е исклучена можноста да сакаат повторно да поделат мапи и да им дадат лажни надежи на овие луѓе за патување во Европа.“ –  објави синоќа грчката телевизија, според која грчките власти знаат дека од Франција, Италија и Германија пристигнале членови на анархистички организации а се претставуваат како волонтери. На Идомени, според Мега ТВ, регистрирани се 15 невладини организации, од кои 4 се под знак прашалник.

Лажни надежи и дезинформации и денеска шират, за сега непознати лица во импровизираниот камп на Идомени дека границата ќе се отвори, па така мигрантите и бегалците се собираат на железничката линија и чекаат. Грчката полиција пак со мегафони на арапски се обидува да ја смири ситуацијата, објаснувајќи им на бегалците и мигрантите дека границата нема да се отвори, а постои опасност по нивните животи доколку се обидат нелегално да ја поминат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.