Македонија

Деталниот нацрт-план за Острово се повлекува на доработка

Деталниот нацрт-план за Острово се повлекува на доработка
Деталниот нацрт-план за Острово се повлекува на доработка

Општина Аеродром соопштува дека јавната анкета за Деталниот нацрт-план за урбанистичката четврт И 10 согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022 се прекинува. Односно, ДУП-от за Острово за кој реагираа аеродромци, засега, се повлекува.

 „Причина за прекинот е што планерската куќа при уредувањето на просторот не водела сметка за пристапот до Г.П. 21 и Г.П. 22 преку секундарна улична мрежа. Планот се повлекува на доработка“, соопштуваат од општина Аеродром.

Ова соопштение доаѓа откако низ Аеродром се појавија низа реакции и граѓаните направија позитивен притисок врз општинарите, противејќи се на уништување на било какво зеленило и барајќи образложение и подетална анализа како (со измените на ДУП-от) предвидените згради би влијаеле врз загадувањето, дали се работи за одговорно и хумано планирање, дали би се создал дополнителен сообраќаен хаос…