Стружани со порака до Заев: „Злосторниците се враќаат на местото на злосторот“

Стружани со порака до Заев: „Злосторниците се враќаат на местото на злосторот“
Стружани со порака до Заев: „Злосторниците се враќаат на местото на злосторот“
Граѓаните на Струга не ја забораваат 2004-та година и понижувањето кое им го нанесе тогашната влада на чело со СДСМ. Според законот предложен од тогашниот премиер Владо Бучковски, а поддржан од  претседателот Бранко Црвенковски, Македонците во Струга и во Кичево станаа малцинство, пишува „Курир“.

-Злосторниците се враќаат на местото на злосторот. 22.07.2004. Со ваков транспарент стружани го пречекуваат опозицискиот лидер Зоран Заев, чија посета на Струга е најавена за денеска.

Со територијалната поделба во 2004 поддржана од Заев и неговите сопартијци, на Струга и се додадоа Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково. Со овие промени Албанците во Кичево и Струга станаа доминантна етничка заедница.

Референдумот против новите општински граници не успеа. Мнозинството граѓани гласаа против измените, но не беше постигнат неопходниот процент на излезност од 51 отсто. Тогашната владејачка гарнитура предводена од СДСМ, го отфрли референдумот со кампањата „Некои прашања не заслужуваат одговор”.

nekoi_prasanja_odgovor

Во кампањата за референдумот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски гласаше за укинување на законот за територијална поделба и бараше граѓаните да се спротивстават на законот.

nekoi_prasanja_odgovor2

СДСМ тогаш од граѓаните бараше да не гласаат на референдумот, по што општините Струга и Кичево станаа општини со доминантно етничко албанско население. Тогаш Бучковски во Струга беше држен во заложништво, при што беа употребени специјални полициски сили кои неколку часа не можеа да го извадат од локалниот партиски штаб, а СДСМ ја загуби довербата кај граѓаните во целата земја, особено во Струга и во Кичево.

Дека и актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев опстојува на погубната политика за Македонците од Струга и Кичево потврди самиот во интервју за Алсат. Заев имал ист став околу ова прашање и при референдумот за Територијална определба од 2004 година, кога го поддржал овој Закон кој подоцна се покажа како погубен за Македонците од Струга и Кичево.

Заев на Алсат телевизија одговарајќи на новинарско дали политиката на патриотизам била погубна за СДСМ, вели дека таквата политика била грешка.

-Обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, ќе набројам неколку, законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат на нас социјалдемократите, рече Заев.