Во велешкиот театар премиерно изведена претставата „Старицата од Калкута“

Во велешкиот театар премиерно изведена претставата „Старицата од Калкута“
Во велешкиот театар премиерно изведена претставата „Старицата од Калкута“
На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во  Велес синоќа премиерно беше изведена претставата „Старицата од Калкута“ од израелскиот автор Ханок Левин, а во режија на Софија Ристевска -Петрушева.
Бројната публика во салата на новиот театар во Велес со долг и силен аплауз ја награди успешната изведба на оваа несекојдневна претстава направена како еден вид на театарски шоу.
Во изјавата за медиумите по претставата режисерката Софија Ристевска-Петрушева оцени дека велешкиот театарски ансамбл направил европска претстава.
– Претставата е еден многу силен ритам на  изведување на дејството на сцена,актерите беа многу физички и психички подготвени,затоа што ова беше претстава каде што презентиравме апсурдни и на моменти комисчни ситуации бара голема подготвеност на актерите.Значи немаше импровизации,следевме конкретни структури партитури.Работевме напорно околу два месеци и  активно со кореографот,на нивната физика и емоционална спремност.Левин е мног строг автор и не дозволува никакви имправизации и јас како режисер и актерите моравме да бидеме многу дисциплинирани за да го постигнеме тој ритам што го бара претставата, потенцира режисерката Ристевска-Петрушева.
Во претставата играа актерите:Васил Зафирчев,Кети Борисовска,Слободанка Чичевска,Фаик Мефаилоски,Славица Манаскова,Жарко Спасовски и Талија Настова.
По претставата актерот Васил Зафирчев изјави дека е задоволен како поминала на сцената и како биле прифатена од публиката.
– Ние ја очекувавме таа реакција од публиката бидејќи ова не е класична претстава и оди кон шоу  и очекувавме дека публиката ќе се почувствува како да не е во театар тука дека е во шоуто кои ние го правиме на сцената. Инаку претставата е многу напорно за играње има убиствено темпо,има многу промени,многу реквизити,многу костимски промени,огромен текст бидејќи секој од актерите игра по неколку улоги и затоа актерски е напорна. Од претставата и за мене како актер и уметнички директор на театарот, најголема придобивка од целиот овој процес во работата со режисерката Софија е токму таа огромна количина на актерски труд којшто нашите млади актери,покрај мене и Кети и повозрасната Слободанка,одлично се справија со еден ваков комплициран жанр,којшто во себе обединува не само класичен театар туку и варијатетни форми на театарот како што е мјузиклот и кабарето, потенцира актерот и уметнички директор Васил Зафирчев.
Инаку, сценографијата на претставата е на Филип Коруновски, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, кореографија и сценски движења на Кире Миладиновски, а музиката на Сашко Костов.
Пред претставата од сцената актерите ги презентираа светската и македонската порака, а по повод 27 март Светскиот Ден на театарот.