Масакр за Велигден во Пакистан: 72 лица убиени, 200 ранети

Масакр за Велигден во Пакистан: 72 лица убиени, 200 ранети
Масакр за Велигден во Пакистан: 72 лица убиени, 200 ранети
Билансот на загинатите во нападот на бомбаш-самоубиец на паркинг пред преполн парк во градот Лахоре во источен Пакистан, каде католичките христијани го славеа Велигден, достигна 72 лица, а ранети се 200, пренесува МИА.

Меѓу загинатите и ранети има голем број жени и деца.

Претставникот на полицијата Хајдер Ашраф изјави дека во нападот загинале 72 лица, меѓу кои најмалку осум деца, додека портпаролката на спасувачкиот тим Деба Шахбаз изјави дека меѓу загинатите има 29 деца.

Терористичката група, која го изврши нападот денеска потврди дека цел биле христијаните.

– Христијаните беа цел на нашиот напад во Лахоре, изјави Ехансулах Ехса, претставник на фракцијата на пакистанските талибанци Џамат ул Ахрар.

Тој нагласи дека неговата терористичка група ќе изведе уште такви напади, заканувајќи се дека цел покрај владини и воени објекти, ќе бидат и училишта и колеџи.

Ашраф претходно изјави дека се претпоставува дека напаѓачите не целеле на христијаните, бидејќи повеќето од загинатите се муслимани, додавајќи дека „сите го посетуваат тој парк“.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун вчера ги осуди нападите, нарекувајќи ги „застрашувачки акт на тероризам“.

Експлозијата одекна пред излезната капија на паркот, неколку метри од детските нишалки.