Маж обезглави четиригодишно девојче во Тајван

Обезглавено тело на четиригодишно девојче е пронајдено под метро станицата во главниот град на Тајван, Тајпеј.

Локалните медиуми наведудваат дека убиецот е идентификуван само по презимето Ванг, и е уапсен.

Освен тоа, се наведува дека девојчето возело велосипед недалеку од својата мајка кога убиецот и’ пришол.

Мајката на девојчето за медиумите кажала дека кога мажот и пришол на нејзината ќерка, таа мислела дека тој ќе и помогне да ги искачи велосипедот, но тој извлекол голем нож и го нападнал девојчето.

Медиумите исто така пишуваат дека случајните минувачи набргу скокнале на напаѓачот и повикале полиција.

Државната новинска агенција „Централ њуз“ истакнува дека напаѓачот (33) веќе бил апсен поради поврзаност со дрога, како и дека бил лекуван од психички болести.