Ослободен осомничен за терористичките напади во Брисел

Белгиското обвинителство денеска го ослободи од притвор Фејсал Шефу, кој е осомничен за учество во терористичките напади во Брисел, а како причина за ослободувањето се наведува недостиг на докази, пренесе МИА.

Во соопштението на државниот обвинител пишува дека „индикациите кои довеле до апсење не биле доволни“.

Шефу беше осомничен за поврзаност со тероризам.

Белгиската полиција утрово објави нова видео-снимка на третиот осомничен бомбаш од бриселскиот аеродром, чија бомба не експлодира за време на минатонеделниот напад.