Состојба на патишта

Денеска поради протест на месното население од 11:00 до 12:00 часот, во прекин ќе биде сообраќајот на на магистралниот пат Кочани-Штип, кај с.Облешево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.