Турција го повикала германскиот амбасадор поради сатирична песна за Ердоган

Турското Министерство за надворешни работи минатата недела го повикало германскиот амбасадор на консултации поради сатирича емисија, емитувана на германската телевизија НДР, објави вчера германскиот весник „Шпигел“.

Амбасадорот Мартин Ердман бил повикан во Министерството доцна во вторникот, поради емисијата од 17 март на НДР, во која била изведена двеминутна старична песна, со која се исмева турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Министерството за надворешни работи на Германија одби да ја коментира информацијата.

Турски официјални лица исто така не дадоа коментар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.