петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Енергетска ефикасност во колективното домување

За граѓаните ова ќе значи над 30% помалку средства од семејниот буџет за енергија, подобар комодитет на живеењето и зголемување на вредноста на нивниот стан.

Енергетска ефикасност во колективното домување во Македонија

Енергетска ефикасност во колективното домување во Македонија

Поврзани вести

Со зголемување на цената на енергенсите, како и со влошување на глобалните климатски услови се јавува потребата активно да се размислува за развој на нови техноогии и материјали за изградба на поефикасни згради и подобрување на енегетската ефиксност.

Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација посветена на овозможување едноставни, пристојни и пристапни решенија за домување на семејства со ниски приходи кои живеат во супстандардни услови. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците. Како афилијација на Habitat for Humanity International од 2005 година Хабитат Македонија има помогнато 13.000 семејства со подобрување на условите за домување.

Проценетите финансиски заштеди на енергија до 2020 година во резиденцијлниот сектор би биле 151,3 милиони евра според денешните цени на енергијата, или до 311.9 милиони евра доколку од 2015 година стапеше на сила законот за либерализација на пазарот за енергија.

Проценетите потребни инвестиции во мерки за енергетска ефикасност кои значат термоизолација на фасади, покриви, замена на прозорци и врати и слично, за овие објекти до 2020 година се 279,56 милиони евра.

За да може да се остварат предвидувањата за инвестирање во станбениот сектор се уште недостигаат конкретно дефинирани услови за финансирање на проекти за енергетска ефикасностна национално и локално ниво можности за финансирање (фондови, кредитни линии и сл.)  како и соодветна поддршка преку ЕСКО, форми на ЈПП и сл.

ова

 

о2 Досегашни резултати на Хабитат Македонија се:

  • 40 згради со енергетско ефикасни реконструкции во општините Карпош, Центар, Аеродром, Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп и Струмица;
  • 1224 домаќинства со подобрени енергетско-ефикасни услови за домување;
  • 29% заштеда во потрошувачката на енергија во реконструирани згради;
  • Воспоставен фонд за енергетска ефикасност во износ до 800.000 УСД и мобилизирани 2.500.000 УСД од локалните самоуправи за ЕЕ реконструкции;
  • Реализираните ЕЕ мерки во колективни станбени објекти конкретно во општина Карпош кои пред реконструкцијата имаа потрошувачка на енергија за греење по квадратен метар на годишно ниво од 170 до 250 kWh/m²а по реконструкцијата имаат помалку < 100 kWh/m² со што според правилникот за енергетски карактеристики на згради ќе бидат во С – класа од енергетскиот сертификат.
  • За граѓаните ова ќе значи над 30% помалку средства од семејниот буџет за енергија, подобар комодитет на живеењето и зголемување на вредноста на нивниот стан.

карпош

куманово

Најчитани вести