четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 51

Ременски го посети Центарот за социјални работи во Тетово

На средбите, посочи министерката Ременски, биле покренати повеќе прашања и теми чие решавање е од заеднички интерес за подобрување на состојбите за сите граѓани од Тетово и околиината.

ременски

Последни вести

Техничката министерстка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски денеска ја посети општина Тетово при што се сретна со градоначалничката на општината Теута Арифи и директорот на Центарот за социјална работа Насер Садики.

На средбите, посочи министерката Ременски, биле покренати повеќе прашања и теми чие решавање е од заеднички интерес за подобрување на состојбите за сите граѓани од Тетово и околиината.

– Во разговорите со градоначалничката Арифи беше разгледана инцијативата на општината за згрижување на децата од предучилишна возраст преку отворање центри за ран детски развој. Таа најави дека во скоро време ќе бидат отворени дополнителни три вакви центри со што ќе се подобри состојбата со згрижување на овие деца, изјави Ременски.

Таа се информирала и околу можноста за отворање центри за згрижување на деца од ромската популација, како и центар за згрижување на деца од улица за и овие деца од ранлива категорија да добијат институционална заштита.

Ташевска Ременски посочи дека Министерството до општина Тетово ќе достави допис со кој општината се задолжува во рамки на следните проекти при измена на урбанистичките планови да предвиди место за нова градинка бидејќи според нејзините согледувања во последните четири години не само во Тетово, туку и други општини низ државата не биле опфатени.

Во однос на работењето на Центарот за социјални работи-Тетово и за надминување на недостатокот на материјално технички средства, министерската Ременски најави помош особено за набавка на возила што се неопходни за теренска работа на стручните тимови, како и набавка на опрема и инвентар пред се компјутери, скенери, принтери и друго што недостасува и во многу други места низ државата. Ременски информираше дека завршува проектот за обнова на зградата на Центарот за социјални работи во Тетово и Дневниот центар за деца со посебни потреби во градот.

Најчитани вести