Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од Авто-мото сојузот на Македонија ги информираат возачите дека во среда, поради изведување на градежни работи на патниот правец Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 13:00 – 15:00 часот.