понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 61

Во Србија зголемен бројот на лицата заразени од ХИВ

Eдно од три лица, од вкупно над три илјади, кои денес живеат со ХИВ во Србија, не знаат дека се заразени.

hiv5

Последни вести

Во Србија минатата година биле регистрирани 178 нови заразени од вирусот ХИВ, што е најголемиот број од 1987 година, соопшти Институтот за јавно здравство, јави Танјуг.

Според оценките едно од три лица, од вкупно над три илјади,  кои денес живеат со ХИВ во Србија, не знаат дека се заразени, пренесува МИА.

Само во последните два месеца на 2015 година, кога се спроведуваат повеќе акции за тестирање од ХИВ биле откриени 45 нови случаи на заразени од тој вирус. Тоа е една четвртина од вкупниот број на новорегистрираните случаи во 2015 година и двојно повеќе во споредба со истиот период во 2014. и 2013., кога биле откриени по 20 нови случаи.

Бројот на лицата кај кои е дијагностициран ХИВ во 2015 година е за 37 отсто поголем од 2014 година (178 лица наспроти 130). Меѓу новооткриените во 2015 година повеќето се мажи (173 мажи и пет жени), а над една третина се млади луѓе на возраст меѓу 15 и 29 години.

Најчитани вести