понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

„Курир“: Претседателот на комисијата за уништување на документите награден за лажното сведочење?

Специјалното јавно обвинителство не покрена постапка против Сашо Трајковски, иако со решение од министерот, токму тој како претседател на комисијата имал задача да изврши попис на системи и технички средства и опрема од листата за задолжување во УБК, да ја констатира затекнатата состојба и ДОКОЛКУ УТВРДИ нивна техничка застареност и нефункционалност да изврши ништење на системите и техничките средства во правно лице оспособено за истото, да изготви записник и да ги расходува и избрише средствата

katica-janeva-press

Поврзани вести

Курир дознава дека Претседателот на комисијата формирана за попис, расходување, ништење и бришење од евиденција, началникот Сашо Трајковски, од денеска е унапреден за неколку скалила од страна на техничкиот министер Оливер Спасовски.

Специјалното јавно обвинителство не покрена постапка против Сашо Трајковски, иако со решение од министерот, токму тој како претседател на комисијата имал задача да изврши попис на системи и технички средства и опрема од листата за задолжување во УБК, да ја констатира затекнатата состојба и ДОКОЛКУ УТВРДИ нивна техничка застареност и нефункционалност да изврши ништење на системите и техничките средства во правно лице оспособено за истото, да изготви записник и да ги расходува и избрише средствата

Токму Сашо Трајковски го потпишал извештајот на комисијата со кој е констатирано дека:

„Постојат системи и технички средства и опрема од кои некои се технички застарени, а некои нефункционални, односно надвор од употреба и не се планира повторно да бидат ставени во функција. Ништењето е извршено во период од 28.03.2015 до 03.04.2015 во правни лица …. оспособени за ништење на ваков тип на опрема. Ништењето е извршено со дробење, со што опремата или нејзини делови не може повеќе да се користат, односно да бидат злоупотребувани“.

По завршувањето на прес конференцијата на СЈО, станува очигледно дека се работи за уште еден невиден скандал и правен преседан во кој најодговниот за ништењето на опремата не е опфатен со кривичната пријава туку е унапреден од страна на СДСМ, а лица кои воопшто не фигурираат никаде се гонат кривично врз основа на бројни правни нелогичности.

Најчитани вести