Франција сепак нема да им го одзема државјанството на осудените терористи

Франција сепак нема да им го одзема државјанството на осудените терористи
Франција сепак нема да им го одзема државјанството на осудените терористи

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека се откажува од плановите за измени во Уставот, кои опфаќаа и одредба со која би се овозможило на осудените терористи да им се одземе француското државјанство, откако Парламентот не се согласи во врска со таа мерка.

– Дел од опозицијата се противи на ревизија на Уставот. Жалам поради таквиот став. Одлучив да ја окончам дебатата, изјави Оланд по неделниот состанок на Кабинетот.

Откажувањето од планот за измени на Уставот го доведува во непријатна ситуација социјалистичкиот француски претседател, кој планот свечено го објави во обраќањето до Парламентот во Версај, само три дена откако џихадистите убија 130 луѓе во Париз на 13 ноември минатата година.

Отфрлен е и планот на Оланд во Уставот да се внесат прописи за вонредната состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.