четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Студентските домови ќе добијат нов мебел до крајот на летото

Груевски: До крајот на летото ќе биде завршена набавката и целиот нов мебел ќе се најде во сите државни студентски домови

goce-delcev.jpg500-640x384

Последни вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска истакна дека набавката на опремата за студентските домови во делот на мебелот е во подготвителна фаза.

– Министерството за образование, откако ова беше дадено како ветување од страна на Владата кон крајот на минатата година, ги презема сите потребни мерки за објавување на набавката. Во овој период се изврши фазата на истражување на пазарот по што се бара согласност од Советот за јавни набавки. Министерството ја очекува согласноста во наредните 10-15 дена, по што ќе го објави јавниот повик за набавувач на мебелот за студентските домови, рече Груевски.

Потсети дека кон крајот на минатата година било дадено јавно ветување дека во сите државни студентски домови комплетно ќе биде заменет мебелот, што значи кревети за студентите, плакари, бироа, столици…

– Подготвителната фаза е во завршница и некаде во текот на април треба да се објави јавниот повик, да се повикаат потенцијалните набавувачи/добавувачи и до крајот на летото да биде завршена набавката и целиот нов мебел да се најде во сите државни студентски домови како што дадовме ветување кон крајот на минатата година, додаде Груевски, кој денеска присуствуваше на промоцијата на книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Најчитани вести