Македонија и БиХ потпишаа спогодба за колокација на ДКП

Македонија и БиХ потпишаа спогодба за колокација на ДКП
Македонија и БиХ потпишаа спогодба за колокација на ДКП
Владата на Република Македонија и Советот на Министри на БиХ денеска во Драч, Албанија потпишаа Спогодба за колокација на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП).

Спогодбата ја потпишаа шефовите на дипломатииите на двете земји Никола Попоски и Игор Црндак на  маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, кој се одржува во Драч.

– Овој чин претставува потврда повеќе на заемните заложби за реализација на конкретни проекти за збогатување на билатералните односи согласно позитивните искуства од слични примери со земјите од регионот, велат од македонското МНР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.