Вкусен десерт во шолја

Францускиот тост во шолја е новиот револуционерен рецепт кој ќе ви го смени погледот за тоа како треба да изгледа вашиот појадок или десерт.

 

Потребни состојки:

  • 80 милилитри млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка цимет
  • 1 лажица путер, стопен
  • 4 парчиња леб исечен на коцки
  • 1 лажица додатоци по желба (рендано чоколадо, суво овошје или јаткасти плодови) за секоја чаша
  • шеќер во прав и мед или овошен сируп за декорација

Начин на подготовка:

Измешајте ги млекото, јајцата, екстрактот од ванила и циметот во сад. Внатрешноста на чашките премачкајте ја со путер.

Секоја од чашките наполнете ја до половина со леб и ставете додатоци (чоколадо, овошје или јаткасти плодови) и повторете ја постапката неколку пати.

десерт1

Секоја од чашките прелијте ја со мешавината од млеко, јајца, ванила и цимет.

Ставете ја секоја од чашките во микробранова на висока температура од минута до минута и половина.

Послужете го десертот во шолја топол и декориран со шеќер во прав и мед или овошен сируп.