Претставници од Јапонија и агенциите на ОН во посета на Табановце

Претставници од Јапонија и агенциите на ОН во посета на Табановце
Претставници од Јапонија и агенциите на ОН во посета на Табановце
Претставници од агенциите на Обединетите нации во Македонија и јапонскиот амбасадор Макото Такетоши денеска ќе го посетат пунктот за помош на бегалци Табановце.

Целта на посетата на амбасадорот Такетоши на пунктот за помош на бегалци Табановце, е да се запознае со активностите спроведени во текот наминатата година и за активностите кои ќе следат годинава. Амбасадорот Такетоши ќе биде придружуван од постојаниот координатор на Обединетите нации, Луиза Винтон и претставниците на УНХЦР Мохамад Ариф, на УНИЦЕФ Бертран Демулен, и на ИОМ Соња Божиновска

Од почетокот на бегалската криза, Владата на Јапонија има обезбедено повеќе од 3,6 милиони американски долари за агенциите на ОН во земјава за хуманитарните потреби на бегалците и мигрантите, како и за олеснување на товарот на општините што се најмногу погодени од мигрантската криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.