петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Сестрата на Мараја Кери очајно ја моли за помош (ВИДЕО)

Братот на Алисон, Морган Кери се надева дека Мараја чие богатство е проценето на 510 милиони долари, на овој начин ќе заборави на семејните конфликти и ќе помогне на сестра си.

Сестрата на Мараја Кери очајно ја моли за помош

Сестрата на Мараја Кери очајно ја моли за помош

Последни вести

Алисон Кери, сестра на познатата пејачка Мараја Кери, се наоѓа смртна постела и објави видео во кое јавно ја моли Мараја да и го спаси животот.

Алисон е ХИВ позитивна и лекувана наркоманка. Пред само неколку месеци таа беше во тешка здравствена состојба, но лекарите успеале да ја одржат во живот. Сега и е неопходна финансиска поддршка. Нејзината ситуација дополнително се влошила минатиот април кога некој и провалил во станот. Таа заврши со оштување на мозокот. Од тогаш често е во болница, а сметките за медицинска нега се таложат. Сега ја чека операција на мозокот и рбетот, а ако преживее и следат години на рехабилитација.

Алисон објави видео каде ја моли нејзината славна сестра за помош.

–  Мараја, те сакам и очајнички ми е потребна твоја помош. Те молам, не ме оставај вака.

Братот на Алисон, Морган Кери се надева дека Мараја чие богатство е проценето на 510 милиони долари, на овој начин ќе заборави на семејните конфликти и ќе помогне на сестра си.

Мараја во јануари се омажи за четвртиот најбогат Австралиец, Џејмс Пакер, чие богатство се проценува на 4,7 милијарди долари и кој и подари веренички прстен вреден седум милиони долари.

Портпаролите на пејачката негираат дека таа не и помагала на сестра и.

– Мараја во текот на годините има потрошено стотици илјади долари за помош на Алисон и нејзините деца. Всушност, таа ги издржуваше повеќе од две децении, наведуваат тие.

Алисон има четири деца од кои најмладото има 14 години. Во младоста, пред Мараја да биде славна, се занимавала со проституција за да може да се прехрани. Мараја и Алисон наводно не разговараат од 1994 година, кога тие жестоко се скарале.

Најчитани вести