Уште една недела до распуштање на Парламентот

За една недела Собранието треба да се распушти за да можат да се одржат избори на договорениот датум, на 5 јуни. Со распуштањето на парламентот Македонија влегува во предизборен период со што почнуваат да важат дел од одредбите од Изборниот законик.

За разлика од минатиот пат кога се пролонгираше првично предвидениот датумот за избори, екпертите посочуваат дека сега ситуацијата е посмирена.

ДИК веќе почна со теренскаата прверка на спорните 90.000 гласови од избирачкиот список. Целата операција за прочистување на списокот треба да заврши до средината на април – кога тој треба да биде ставен на јавен увид.

Во Собранието се законот за кривична постапка и медиумските закони, но тие не се обврзувачки за претстојните избори.

Последната собраниска седница, засега, е закажана за 4 април. Доколку одлуката за распуштање на парламентот на 7 април стапи на сила, мандатот на актуелните пратеници ќе трае до конституирање на новиот состав, по изборите, но тие нема да се состануваат, освен во случај на вонредна ситуација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.