сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Град Скопје ќе додели садници на урбани месни заедници и куќни совети

На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу 10 садници.

Град Скопје ќе додели садници на урбани месни заедници и куќни совети

Град Скопје ќе додели садници на урбани месни заедници и куќни совети

Последни вести

Градот Скопје ја продолжува традиционалната пролетна акција за доделување садници на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто  ќе додели 2 000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП „Паркови и зеленило“. Садниците коишто ќе ги додели Градот Скопје ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП„Паркови и зеленило“.

На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат  најмногу 10 (десет) садници.

Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 4 до 13 април 2016 година, а од 15 до 27 април  субјектите ќе може да ги подигнат решенијата за  доделените садници.

Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира веќе девет години во две етапи, односно напролет и наесен.

Најчитани вести