вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

АИ: Турција принудно враќа сириски бегалци во нивната татковина

133046249

Последни вести

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ соопшти дека Турција од средината на јануари во Сирија принудно вратила многу сириски бегалци, пренесуваат американските медиуми.

Организацијата посочи дека оваа пракса на виделина исфрли „фатални пропусти“ во спогодбата меѓу Турција и ЕУ.

Според АИ, околу 100 Сиријци, кои во повеќето случаи не се регистрирани во Турција, секој ден се протеруваат назад  во нивната земја.

Организациите за првата на човекот стравуваат дека спогодбата за намалување на бегалскиот прилив од Турција за ЕУ во опасност ги доведе правата на луѓето кои бараат азил.

Пред извесно време Сиријците, кои имаа пасоши, можеа да ги минуваат граничните премини, па дури и оние, кои влегуваа нелегално, можеа да се регистрираат. Во моментов само оние кои имаат потреба од итна медицинска помош може да преминат во Турција.

Засилената гранична контрола и новите услови за добивање виза ги принудуваат Сиријците на шверцерите да им плаќаат по 1.000 долари за преминување на границата, посочи Амнести интернешенел.

Најчитани вести