Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни и избалансирани медиуми

ВМРО-ДПМНЕ: Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни и избалансирани медиуми

Не запира неизбалансираното информирање на дел од медиумите на кои илјадници секунди секој ден добиваат манипулациите и насоките од СДСМ и нивните фабрики за афери.

Новите намалени цени на 165 лекови не беа доволно интересни за 24 Вести и Телма. Ниту Телма ниту 24 Вести исто така не сметаа дека е важно за граѓаните да дознаат дека продолжува инвестицискиот бум во Македонија и дека само во изминативе три месеци има нови 16 странски инвестиции.

Лидер во трката кој повеќе простор ќе оддели на манипулациите, лагите и наративот на СДСМ беше Телма која одвои 4290 секунди од своите централни вести и дебатни емисии за промоција на измислиците и конструкциите на СДСМ. 24 Вести вчера во централните вести и дебатните емисии им додели 3990 секунди на тезите кои произлегуваат од манипулативната пропаганда и измислиците на СДСМ односно за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Само на овие две телевизии пропагандата на СДСМ беше застапена со вкупно 8280 секунди во само еден појас на информативни програми и дебатни емисии, односно неколку пати повеќе од тоа во текот на целиот ден.

Во март СДСМ доби 146.850 секунди во само еден програмски појас на две телевизии. Ваквите телевизии според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ со кои СДСМ планира да се пресметува преку драконски казни и одземање лиценци.

Порталите за кои граѓаните сметаат дека работат како партиски гласила на СДСМ, како што се Нова тв, А1он, наградуваниот Фокус на Чауш и Арсиќ, Либертас, Плусинфо и другите вчера повторно беа посветени на обзбедување баланс на своето банкарско конто на кое легнуваат грантовите од Сорос и продуцираа  текстови со неаргументирани критики кон ВМРО-ДПМНЕ и со промовирање на манипулативните тези и бесрамни измислици на СДСМ.

Порталите кои не пишуваат илјадници текстови по нарачка на СДСМ се исто така вброени меѓу политичките непријатели на Заев и СДСМ и против нив се организираат хајки и се врши срамен притисок.

Ова е избалансираното новинарство за кое се бори СДСМ – да добива неограничен простор телевизиите и порталите за пласирање на нивните фабрикации и лаги, како и за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни, фер и избалансирани медиуми.