Ѓорчев: Против СДСМ треба да се покрене постапка за прогласување на злосторничко здружение

Пратеникот Влатко Ѓорчев на својот фејсбук профил денеска напиша дека токму против СДСМ е потребно да се покрене постапка за прогласување на злоторничко здружение, бидејќи како што вели тој, за време на своето владеење преку своеволно носење на закони овозможиле спроведување на најголемиот грабеж на македонскиот народ и граѓаните на Македонија – криминалната приватизација.

Тој додава дека преку криминалната приватизација СДСМ има приграбено капитал во вредност од над 5 милјиарди евра, има отпуштено од работа преку 200 илјади работници, како и дека мал број на директори блиски до раководството на СДСМ станаа милионери и олигарси на грбот на народот и работниците.

-Тоа не е единствениот грабеж кој оваа партија со своето делување го направи на Македонија. Покрај криминалите на нивниот премиер Бучковски при набавката на тенковските делови, масовното богатење, преку масовното делење тендери на своето пошироко семејство на актуелниот претседател на СДСМ, неговото барање мито и корупција од бизнисмените како што беше во случајот „Поткуп“, како и криминалите при градбата на „Глобал“ во Струмица, фамозните зделки со Мајкрософт на Шеќеринска и цела низа на афери, тука е и грабежот со пирамидалната штедилница на ТАТ при кој се ограбија парите на 13.000 штедачи кои со труд и пот работеле со години и децении да ги заработат своите заштеди, а притоа овој грабеж предизвика повеќе од 100 самоубиства и неброени семејни драми, хронични заболувања и уништени животи, напиша Ѓорчев.

Жртвите на криминалната приватизација и жртвите на грабежот во „ТАТ“, „Алфа С“ и „Лавци“ и другите штедилници, жртвите приватни бизнисмени од кои е баран поткуп, жртвите на транзицијата и приватизација се живи сведоци кои во судскиот процес ќе посведочат за ова злосторничко здружение кое низ годините се задскрива зад името СДСМ, заклучува Ѓорчев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.