ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот

За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот и да се побара мандат без манипулации и деструктивни сценарија,велат од владеачката ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение упатено до јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

Пред сигурнот пораз на изборите се зголемува тензијата, очајот и паниката во СДСМ па продолжуваат невидените срамни пресметки на СДСМ со Уставниот суд.

На сила е и понатаму срамното сценарио на СДСМ за создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите.

За таа цел СДСМ преку своите експоненти во невладиниот сектор им се заканува на Уставните судии дека за уши ќе ги влече и на клоци ќе ги изнесе надвор од судот. Граѓаните на Република Македонија се срамат од ваквото однесување на СДСМ.

СДСМ сака да се врати времето кога за 15 минути избираше и менуваше 617 судии и стотина обвинители. СДСМ сака тотална контрола над судството.

СДСМ треба да ја праша дали е објективна и непристрасна Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер, несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ. Истото СДСМ треба да го праша и Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, СДСМ сонува за ваква партиска испреплетеност во судскиот систем.

СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш СДСМ сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Во 2009 година организацијата без сопствен став „СДСМ 2009 “ беше категорично ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес организацијата без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.

Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која својот став го менува во зависнот од дневно партиските потреби.

За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот и да се побара мандат без манипулации и деструктивни сценарија.

Срамот на СДСМ ќе му стои вечно, но казната доаѓа побрзо. На 5-ти jуни граѓаните ќе им пресудат на деструктивнитее манипулатори од СДСМ десетти пат по ред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.