Сите во СЦ „Јане Сандански“ на ново коло во Вардар јуниор лигата

Двете сали во СЦ „Јане Сандански“ во недела ќе бидат место на одигрување на натпреварите од Вардар јуниор лигата. Генерациите на деца родени 2000/2001 и 2002/2003 ќе играат во двете сали и ќе го имаат можност да го почувствуваат мирисот на вонсерискиот ракомет што го прикажуваат нивните ракометни звезди кои настапуваат тука.
Влезот на сите натпревари е слободен.
Во машка конкуренција предвидени се шест натпревари, сите во големата сала во СЦ „Јане Сандански“, а девојчињата од двете генерации ќе играат во малата сала. Единствено натпреварот Бисинов Вардар и А.Урдаревски Вардар од 8 коло на генерацијата 2000/2001. Тој меч дополнително ќе биде закажан.
Тренерите на екипите на Преспа Вардар и Општина Кисела Вода Вардар сметаат дека сегашниот систем на натпревари во јуниор лигата мора да донесе резултати, и во иднина тука ќе се калат идните ракометни звезди.
Вардар јуниор лигата е одличен проект и добри осмислен проект кој сигурно ќе донесе резултати во иднина. Кај сите деца е евидентен напредок во играта како одминува сезоната, не само играчки туку и како личности. Генерацијата 2002/2003 е талентирана и сигурно е дека со работа голем дел од нив ќе станат добри играчи. Заедно со Гостивар имаме заедничка мешана екипа на генерација 2000/2001 и сите играат по 20 минути. Имаме две постави и се обидуваме да привлечеме повеќе дециња кои исто така ќе бидат дел од оваа генерација. Се радувам на секој нивен успех, кој многу ме исполнува како тренер, вели Иванчо Ангелковски – Преспа Вардар
Преспа Вардар е прв во група 2 од генерацијата 2002/2003, а Општина Кисела Вода Вардар е на второ место.
Секогаш очекувам добри натпревари иако се работи за јуниор лига. Дечињата напредуваат од натпревар во натпревар што е добро со оглед на тоа што имаме постојано натпревари. Секогаш постои желба за победа и се создава натпреварувачки карактер. Овој концепт на лига е навистина добра, бидејќи вклучува огромен број на деца под закрила на еден клуб. Треба да продолжиме со анимирање на нови членови кои би се вклучиле на нашата Академија, од каде ќе ги црпиме идните ракометари на клубот, вели Влатко Котески – Општина Кисела Вода Вардар

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.