ФОТО: 7 години студирање за просек 6,24 – потврда за правниот капацитет на Јанева

Во синоќешното шоу, Миленко Неделковски го објави Уверението за завршено студирање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на кое се гледа дека нејзиниот просек бил 6,24. Јанева воедно студирала 7 години. За положените предмети добила 5 седумки и 28 шестки, пишува Курир.

Новинарот Бобан Нонковиќ кој гостуваше во синоќешната емисија истакна дека според уверението се гледа дека Катица Јанева можеби била многу добро простудирана и избрана од купот обвинители.

-Таа го деградира Правниот факултет кој го претставува. Имаме човек со 6,24 просек, јас не верувам дека во Европа со ваков просек има приправник во адвокатска канцеларија, а не обвинител. Ние имаме  избран феноменален профилкој ќе ја игра улогата на кукла, вели Нонковиќ.

janeva-uverenie1

Професорот Александар Климовски вели дека несмасноста во нејзините изјави и театарскиот настап кој го има во излагањето говори за капацитетот.

-Ова уверение е само доказ за капацитетите кои ги има како правник, вели Климовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.