среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Објавени огласи за 4 нови мерки за вработување

20160402_101400

Последни вести

Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска беше гостин на трибината на институтот Павел Шатев, каде се разговараше на тема: Политики за вработување на Владата на Република Македонија.

Пред присутните на трибината Спасов детално ги појасни досегашните владините мерки кои се преземени и позитивните исходи од нив.

Воедно тој информира за четири нови огласи за мерки за вработување, кои се реализираат преку Агенцијата за вработување.

  • Во 2016. година има голем број новитети во смисла на мерки за вработување кои се реализираат преку Агенцијата за вработување. Има голем број тековни проекти кои граѓаните можат да ги искористат, а и нови кои ќе бидат објавени веќе следната недела. Денеска е објавен оглас за 4 мерки за вработување. Станува збор за три различни видови обуки и една нова мерка – неповратни финансиски средства за приватните компании и невработените лица.

Спасов појасни дека станува збор за обука од областа на приватното обезбедување, која се реализира во соработка со Комората за приватно обезбедување, потоа обука од областа на туризмот, која се реализира во саоработка со Факултетот за туризам, обука за возачка дозвола од Ц и Е категорија, а четвртата мерка е мобилност на работна сила – станува збор за грант од 92 илјади денари за компанијата и невработеното лице, со цел да се поттикнат лицата од руралните средини кои живеат над 30 километри оддалеченост од работата која им се нуди да ги покријат трошоците за превоз во форма на неповратен грант.

20160402_101505

Тој додаде дека за трите видови обуки лицата ќе добијат признаен сертификат, кој ќе им помогне во наоѓањето работа и ќе ја големи нивната конкурентност.

Воедно Спасов апелира сите невработени лица да се пријават на огласите, во зависност од нивниот интерес.

Имено, огласите се објавени денеска во дневните весници и на веб страницата на Агенцијата за вработување, а за овие мерки се обезбедени околу 8 милиони денари.

 

Најчитани вести