Магазин

ТЛЗП: Кајмакоски во улога на Каролина Гочева (ВИДЕО)

ТЛЗП: Кајмакоски во улога на Каролина Гочева (ВИДЕО)
Вчеравечер во регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“ Даниел Кајмакоски како Каролина Гочева ја изведе песната која самиот ја напишал „Не се враќаш“.

-Компонирањето е нешто со што сакам да се занимавам во иднина, не мие жал што не ја отпеав. Во оваа песна сум инспириран од својот живот – кажал Даниел.

Жирито имаше само пофални зборови за Даниел кој и овојпат беше на висина на задача.