вторник, 28 февруари 2017  |  Вести денес: 25

27 лица од Крива Паланка и Ранковце ќе добијат грант за самовработуавње

Со оваа мерка на АВРМ им се овозможува на невработените лица да добијат можност да станат млади претприемачи кои сами ќе ги менаџираат своите финансиски приливи.

27 лица од Крива Паланка и Ранковце ќе добијат грант за самовработуавње

27 лица од Крива Паланка и Ранковце ќе добијат грант за самовработуавње

Поврзани вести

Интересот на младите од Крива Паланка и Ранковце за искористување на мерките и поволностите од Оперативниот план со активни политики и мерки на АВРМ за 2016 за вработување е огромен, а од вкупно шеесет барања поднесени на огласот за самовработување со грант-неповратни средства селектирани се 27 кандидати.

-Кон средината на месецов се очекува овие лица заедно со стручните консултанти од Агенцијата да отпочнат со следење обука за изработка на бизнис планови со кои ќе се развијат првичните идеи за сопствен бизнис. На тој начин дополнително ќе им се олесни отпочнувањето приватен бизнис, изјави Грозде Ѓоргиевски, раководител на Подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување, Крива Паланка.

Со оваа мерка на АВРМ им се овозможува на невработените лица да добијат можност да станат млади претприемачи кои сами ќе ги менаџираат своите финансиски приливи.

– Најмногу отпочнати бизниси во овие две општини се од услужната дејност и трговија, додека успешно функционираат голем број фризери, козметичари, авто-механичари, авто-перални и игротеки, отворени со неповратни средства, додаде Ѓоргиевски.

Огласот за самовработување се одвива во две фази. Првата отпочна на 11 јануари и траеше заклучно со 5 февруари, а опфати околу 60 отсто од вкупниот број од 920 лица на ниво на државата, додека 40 отсто од барателите ќе бидат опфатени во наредната фаза која ќе се реализира кон крајот на мај и почетокот на јуни 2016. Лани со оваа мерка 33 лица од Крива Паланка и Ранковце го решиле проблемот со невработеноста.

Најчитани вести