среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

ФОТО: Леонардо Ди Каприо под закана за протерување од Индонезија

leonardo di kaprio

Последни вести

Славниот Оскаровец, Леонардо Ди Каприо изминативе денови патува низ Индонезија, настојувајќи да укаже на важноста на зачувување на биолошката разновидност, но наместо позитивни коментари, тој го налече на себе гневот на индонезиските власти.

Ди Каприо го посети Националниот парк „Монр Лејзер“, последниот екосистем на Земјата каде орангутаните, носорозите, тигрите и слоновите живеат заедно во дивината, кој е загрозен од ширењето на плантажите со палми.

Леонардо ди Каприо

Во многу објави на Инстаграм, Леонардо укажа на овој проблем и повика на заштита на дождовните шуми, но тоа не им се допадна на индонезиските власти.

лео

–  Ние ја поддржуваме неговата грижа за спас на екосистемот „Лејзер“, но ќе му забраниме понатамошен престој во Индонезија ако продолжи со објавување на непримерни или провокативни изјави на социјалните мрежи, најави Херу Сантос, потпарол на индонезиското Министерство за имиграција и човекови права.

Најчитани вести