понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 63

ВМРО-ДПМНЕ: Според СДСМ избалансирано новинарство е измислици и нарачани текстови

vmro-dpmne

Поврзани вести

Продолжува непринципиелното неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и неаргументирано го напаѓаат, велат од владејачката партија.

Инвестицијата на Џонсон Контролс во Струмица која ќе овозможи најмалку 2.500 вработувања не беше доволно интересна вест за 24 Вести и Телма. Немаше ниту збор дека Министерството за образование и наука во соработка со Светската банка преку “Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, започнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра, чија цел е поврзувањето на јавните средни стручни училишта со малите, средните и големи компании во земјата, со краен очекуван исход – подобрување на практичната настава и вештините за вработување на учениците.

Но, затоа продолжи трката за тоа кој ќе им отстапи повеќе простор на тезите кои произлегуваат од манипулативната пропаганда на СДСМ. Лидер во промоцијата на лагите и наративот на СДСМ беше ТВ 24 Вести која одвои 840 секунди од своите централни вести, додека пак ТВ Телма вчера во централните вести им додели 744 секунди на тезите кои произлегуваат од манипулативната пропаганда и измислиците на СДСМ.

Само на овие две телевизии пропагандата на СДСМ беше застапена со вкупно 1584 секунди во само еден појас на информативни програми, односно неколку пати повеќе од тоа во текот на целиот ден.

Во март СДСМ доби 146.850 секунди, додека од почетокот на месец април доби 10.784 секунди во само еден програмски појас на две телевизии. Ваквите телевизии според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на Заев со кои СДСМ планира да се пресметува преку драконски казни и одземање лиценци.

Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно работеа со нарачани текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Такво е избалансираното новинарство според СДСМ – илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите. Медиумите кои не се под диктат на Бихаќка веднаш се прогласуваат за политички непријатели.

СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ ги сака само медиумите над кои има тотална контрола, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести