Косовската претседателка Јахјага ќе формира нова партија

Косовската претседателка Јахјага ќе формира нова партија
Косовската претседателка Јахјага ќе формира нова партија
Косовската претседателка, во заминување Атифете Јахјага, не планира да се откаже од политичката активност, јави МИА.

Јахјага, која во 2011 година стана шеф на косовската држава, во четврток ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Хашим Тачи.

Според косовските медиуми, Јахјага, која во текот на петгодишниот мандат воспостави добри односи со многу земји во светот, посебно со САД, планира сопственото политичко искуство, стекнато за време на мандатот, да го продолжи и натаму во Косово.

Сигурни извори за РТВ Дукаѓини изјавиле дека Јахјага по завршувањето на мандатот планира кус одмор со семејството, по што се враќа на политичката сцена со нов политички субјект.

– Јахјага нема намера да одмара или да се повлече од политичката сцена. Таа во наредниот перод ќе разговара со разни личности околу идејата за формирање на нов политички субјкет, кој ќе биде алтернатива за граѓаните на следните избори, вели изворот.

Јахјага во последните месеци беше многу активна на разни настани, а ги посети речси и сите општини во Косово. На овие средби таа призна дека нема повтрно да се кандидира за претседател, но рече дека набрзо ќе каже за своите планови.

На функцијата претседател на Косово таа дојде од функцијата заменик директор на косовската полиција. Од Парламентот беше избрана уште во првиот круг и е прв шеф на косовската држава кој до крај го истера петгодишниот мандат.