Возење по Милениумскиот крст за 50 денари

Возење по Милениумскиот крст за 50 денари
Возење по Милениумскиот крст за 50 денари

Возењето со лифтот на Милениумскиот крст на Водно  ЈСП “Скопје” предложува да чини 50 денари, за што денеска советниците на Град Скопје треба да дадат согласност. Оваа цена би важела за возрасни и за деца до 14 години, за деца од 6 до 14 години билетот би чинел 20 денари, а за помалечките од 6 години се планира бесплатно возење.

„За комбиниран превоз со жичницата и со лифтот цената на билетот за возрасни и за деца до 14 години ќе биде 130 денари, додека за деца од 6 до 14 година 60 денари”, се вели во образложението на ЈСП “Скопје” до советниците.

Лифтот би требало да почне со работа најдоцна за еден месец. Лифтот е набавен од Франција и чини околу 300.000 евра. Има капацитет за 10 лица, а возењето ќе трае околу една минута. Дел од турата предвидува и движење на посетителите по краците на крстот, во присуство на вработено лице.