Десетмина загинати во три самоубиствени напади во Ирак

Вкупно 10 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени денеска во три самоубиствени напади, чија цел биле ирачките бебзедносни сили, соопшти Армијата на Ирак.

Во соопштението се наведува дека шест лица загинаа, а 22 се повредени во два самоубиствени напади во кои цели биле контролен пункт во северен Багдад и собир на припадници на шиитската  паравоена формација Хашед ал-Шаби во местото Машахда, северно од ирачкиот главен град.

Уште четири лица загинале, а околу 22 се повредени во друг самоубиствен напад врз силите на Хашед ал-Шаби.